Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Ѓорче Петров ќе поднесе кривична пријава до сопствениците на парцелите ако опасниот отпад не биде исчистен

/

пред 1059 дена

Сподели преку :

Општината Ѓорче Петров ќе поднесе кривична пријава за сопствениците на парцелите каде нелегално се складирани 500 до 600 тони опасен отпад, за кој анализата покажа дека поседува олово, како што постоеја сомнежи. Кривичната пријава ќе следува доколку оловната згура не биде исчистена, кажа градоначалникот Стојкоски. И покрај тоа што не е надлежна, општината ќе се вклучи и во изнаоѓање фирма со адекватна дозвола за транспорт на опасниот отпад зашто „ Рецикал Еко- Старт“, која го носела на локацијата преку друга фирма, нема таква дозвола.

Доколку не се исчисти опасниот отпад кај селото Орман, општината Ѓорче Петров ќе поднесе кривична пријава за двајцата сопственици на приватните парцели, каде што е нелегално складиран. Ова е договорено на денешниот состанок меѓу градоначалникот Александар Стојкоски и овластениот инспектор од општината, откако вчера беа презентирани наодите од анализата на двата земени примероци, кои покажале присуство на олово од 9, 42% и 5,19%.

  • Доколку не дојде до расчистување, ние сме спремни да одиме тука, не само со прекршочна , туку и со кривична пријава од страна на општината до лицето кое што е сопственик на плацот, бидејќи таму е затекнат самиот отпад, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Компанијата Рецикал Еко- Старт од Инспекторатот за животна средина доби рок од 60 дена да го врати отпадот во својот круг, во Чучер Сандево. Со прегледување на документацијата е утврдено дека кај неа отпадот доаѓал од фирмата ТАБ МАК од Пробиштип, која произведува оловни акумулатори . Таа е во бизнис врска со „ Рецикал Еко- Старт“, која за неа од отпадот  произведувала оловна паста, што и стигнувала преку фирмата Рецикал Еко- Трејд“. А , на приватната парцела опасниот отпад од „Рецикал Еко- Старт“ го носела фирмата САТУС. Но „ Рецикал Еко- Старт“ нема дозвола за третман на опасен отпад. За да се дислоцира тој, ќе треба да се вклучи друга фирма која поседува дозвола за собирање и транспорт на таков отпад или има АДР дозвола, за транспорт на опасни материи во патниот сообраќај. Па, градоначалникот Стојкоски кажа дека иако не се надлежни, ќе се вклучат да најдат таква фирма.

Од Инспекторатот „Рецикал Еко- Старт“ доби и забрана за работа 90 дена додека од Министерството за животна средина не добие измена на А- интегрираната дозвола што ја има, а ќе и биде поднесена и кривична пријава. Од ОЈО велат дека сеуште не ја добиле пријавата од надлежните инспекциски служби. Ќе постапат откако ќе им биде доставена. Казнета со 88 илјади евра во случајов, е и ТАБ МАК, но иако се обидовме, нејзиниот сопственик остана недостапен.

Сотир Трајков