Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Штип за едни мајка, за други маќеа – селективно се наплаќал данок на имот минатите 10 години

/

пред 1426 дена

Сподели преку :

Законот за градежно земјиште не бил почитуван при продажба на градежните парцели, фирмите кои ги реализирале проектите, биле оставен без надзор, никој не вршел контрола на квалитетот на изграденото, немало активирање на банкарските гаранции.

Општината била за едни мајка, а за други маќеа во делот на наплатата на данокот на имот. Во рок од десет години не се наплатени 4 милиони евра, или тоа е 70 посто од еден основен годишен буџет на Штип. Ова се дел од забележешките на ревизорите во извештајот за работењето на Општина Штип за 2021 година.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов денеска го повика обвинителството да го разгледа.

Една од најголемите забелешки во ревизорскиот извештај е и штетата која е направена поради неипслата на кредитот за санација на старата водоводна мрежа, земен пред повеќе од една деценија. Поради неиисплата на ратите износот на затезната казнена камата го надминал главниот долг за 220% и изнесува околу 120милиони денари. Јорданов посочува дека дел од инфраструктурните проекти се пуштале во употреба и без технички прием.

Според Јорданов извештајот покажува дека во неповрат се изгубени милиони евра на штетата на граѓаните. Тој пред една година ги повика ревизорите да направат ревизија на работењето на локалната власт во изминатите години, а денеска врз основа на извештајот побара и одговорност.

Викторија Димитрова Јованова