Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Османи се огласи по повлекувањето на бугарскиот амбасадор: Софија потклекна пред провокациите

/

пред 1364 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази жалење поради повикувањето на бугарскиот амбасадор на консултации во Софија. Чинот го оцени како „неоснован, непропорционален и непоткрепен со валидни аргументи“.

Османи во Собранието на пратенички прашања најави дека МНР со внимание ги следи последните случувања во односите меѓу Македонија и Бугарија и констатира дека „Софија потклекнала пред провокациите кои се спротивни на напорите за позитивен развој“.

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поврзано со Законот за странци и евентуалната забрана за влез во Македонија на некои лица од Бугарија на 4-ти февруари, рече дека МВР има овластување од Владата да постапува согласно своите информации, но верува дека чествувањето на Гоце Делчев ќе мине на достоинствен и мирен начин.