Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни пожари – два под контрола

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Желино и Нивичино се двата клучни пожари кои што пожарникарите, екипите на ДЗС, армијата и доброволците се обидуваат да ги стават под контрола и да ги изгаснат. Според официјалните информации на надлежните во државата се активни пет пожари.

Кај селата Царевиќ и Смолани во прилепскиот регион гори мешана шума и ниска вегетација, два активни пожари има на територијата на Македонски Брод кај селото Грешница каде гори мешана шума и кај селото Крапа кој е реактивиран а каде гори деградирана дабова шума како и пожарите кај Желино кој избувна вчера и Нивичино каде речиси една недела тимовите се борат со пламените стихии.

Кај Желино пожарот повторно се активирал ноќеска, надлежните имаат сомневања дека е подметнат а се гаси од земја и од воздух со два ер трактора. Кај Нивичино пак покрај тимовите на национални шуми, пожарникарите и ДЗС, учествуваат припадници на армијата и еден армиски хеликоптер.

-На лице место се наоѓаат екипи на тетовската противпожарна единица. Исто така два пис гауери на ДЗС како и еден воден топ. Кој е превентивно, доколку треба да се сечи линијата на овој пожар на пристапен терен. Но исто така на терен се наоѓа и еден хермелин со цистерна од шест тона. Како и повеќе возила на противпожарните единици. Вториот пожар е пожарот по тежина на атарот во селото Нивичани О. Василево кој се одвива на тешко пристапен терен на делови и целосно непристапен терен. Рано наутро таму дејствуваше еден армиски хеликоптер кој што своето дејство ќе го продолжи во попладневните часови откако температурата на воздухот ќе го овозможи дејството на овој хеликоптер, вели директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Наредните неколку дена ризикот од појава на пожари ќе биде многу висок поради  екстремно топлиот бран кој ќе ја зафати Македонија и високите температури. Според УХМР утре температурите ќе се движат од 35 степени во поголемиот дел на државата до над 40 степен во централниот и јужниот дел на Македонија како и градот Скопје.

Ноќеска кумановската полиција уапси 27 годишен жител од градот кој со молотов коктел запалил сува трева и предизвикал пожар на влезот во населбата Средорек а по апсењето е утврдено дека имал 2,4 промили алкохол во крвта.

Според официјалните податоци на МВР заклучно со првата половина на јули, годинава се поднесени кривични пријави против 13 лица за дело предизвикување на општа опасност а поврзано со настанати пожари. Анализата покажува дека 11 кривични пријави се поднесени во последните два месеци и се однесуваат на пожари настанати во март, април, мај и јуни.

За периодот од 2022 заклучно со 2024 година полицијата поднесе кривични пријави против 52 лица од кои 50 се гонат за предизвикување општа опасност а две за предизвикување шумски пожар. Најголем број од пријавите, дури 37 се за пожарите од минатата година во кои беше уништена огромна територија под шума.

Огнен Чанчаревиќ