Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По лажна закана за бомба, скопскиот аеродром продолжи со редовна работа

/

пред 421 дена

Сподели преку :

Повеќе од три часа ноќеска, на скопскиот аеродром траела операцијата за проверка на дојава за поставена бомба во авион кој требало да лета на Турција. Заканата била лажна, а по прекинот на сообраќајот, рано утрово аеродромот продолжи со редовното функционирање. Нема одложени летови, соопштија од ТАВ.

Во продолжение, соопштението на ТАВ:

Рано утринава, 16.8.2025г., сабота, околу 2:50 минути, до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје.

Согласно процедурите за постапување, аеродромските служби на Меѓународен аеродром Скопје како и сите релевантни служби и институции при МВР беа веднаш известени и активирани беа сите планови и процедури за постапување при вакви настани.

Единици на МВР веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки и утврдија дека заканата е лажна.

Нема откажани летови на Меѓународен аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6:00 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.