Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По Милески-Кичеец, и Орце Камчев ја сменил адресата за да издржува казна во затвор покрај Охридското Езеро

/

пред 1608 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд во Скопје тврди дека промената на адресата која ја направиле Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ е легална и тие веќе не се жители на Скопје туку се отселиле во Охрид односно пријавиле адреса на живеење во овој град.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации за текот на извршувањето на правосилните пресуди донесени врз основа на предлог – спогодби за предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека: До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид, соопштија од кривичниот суд во Скопје.

Поради сето тоа, постапувањето со издржувањето на затворската казна од една година и за Камчев и за Јосифовиќ се сели на друг терен, односно во јурисдикција на судот во Охрид.

-Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид, известија од скопскиот кривичен суд.

Слична ваква правна акробација направи и Зоран Милески Кичеец, кој својата тригодишна затворска казна за случајот Рекет (откако Камчев ги пријави него, Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 за рекетирање поврзано со истрагата за случајот Империја) ја издржуваше во затворот во Струга. Кичеец ја промени адресата и го врати живеалиштето во неговиот роден град Охрид, а Камчев и Јосифовиќ како родени скопјани успеаја да ја променат адресата, а судот да го прифати тоа без забелешка.

Помалите казни до три години затвор во охридскиот регион се издржуваат во Струга кој е КПД од отворен вид, додека охридскиот затвор е малолетнички затвор и притворски за лица од тој регион.

Инаку, Кривичниот суд веќе им издаде упатен акт на Камчев и Јосифовиќ од први јуни да почнат да ја издржуваат затворската казна во Шутка односно во затворот Скопје. Тогаш од адвокатскиот тим на Камчев тврдеа дека не е точна информацијата за издадениот упатен налог за во Шутка. Ден по поканата за во Шутка, адвокатите известиле дека Камчев и Јосифовиќ не се веќе жители на главниот град.

Во рамки на спогодбата со обвинителството, Камчев треба да плати и 5,1 милиони евра на државата за признаената одговорност за кривично дело во рамки на предметот Империја.

Миомир Серафиновиќ