Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози за несовесно лекување на пациенти

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти.

Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.

Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.

Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело. Во случајот „Онкологија“, обвинителство поднесе уште едно обвинение кое се уште е на оценување во Кривичниот суд, и се однесува за економското работење на Клиниката, во кое првообвинет, исто така, е поранешниот директор Васев, заедно со поранешниот економски директор на Клиниката.