Во Кривичниот суд денеска почнува судењето на Ангел Самараков кој е обвинет за оддавање на службена тајна од користољубие.
Самараков беше уапсен во април кога беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски. Тој беше уапсен во Велес со документација од истраги на велешката полиција, а наводно обезбедувачот на премиерот ги продавал тајните истражни информации за 50 илјади евра за да бидат објавени на социјални мрежи.
Оттогаш уапсениот Сарамаков е во притвор и е отстранет од обезбедувањето на премиерот каде бил ангажиран од лани кога е префрлен во Шестата управа на МВР.











