Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата го одзела камиончето со кое групата на Висар Ганиу истураше ѓубре пред Град Скопје, Ганиу ја оправдува постапката поради сметот кој го гледаат туристите во старата скопска Чаршија

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Противзаконско, но ѓубрето беше истурено за да се види негрижата за Чаршијата и затоа што надлежните под Данела Арсовска не го собираат сметот во делови на Чаир, особено на најпознатата туристичката дестинација во главниот град.

„Сакав да сензибилизирам во јавноста, за да им кажам дека Чаршијата е наша, на нашата држава. Да доаѓаат туристи и да ни го сликаат ѓубрето – тоа… Немаше никој (во групата) од тие кои работат во Чаршијата. Секој што критикува веднаш е посетен од инспекција – дали за тенди, столчиња, маси. Тортура се прави. Еден наш колега излезе, само што беше на пресот, утредента го сменија работното место на неговата ќерка. Ова не е во ред, доаѓа време, некој ќе треба да одговара“, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на прес конференција во општината.

Од полицијата велат дека полицајците од Интервентната единица на скопската полиција го одзеле камиончето и е регистриран прекршокот со истурање на смет пред град Скопје.

„Во врска со настанот од 28.05. пред објектите на Град Скопје, ве информираме дека во 23:05 часот беше пријавено дека група луѓе (од 30 до 40 граѓани) се движат од објектот на Владата на РСМ кон Градскиот парк, а во 23:20 часот од страна на инспектор од Град Скопје е пријавено дека пред бараките на Град Скопје повеќе лица со камион исфрлиле отпад. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, преземени се сите службени дејствија, извршени се разговори а од страна на екипа на ЕУМНА извршено е фотографирање на лице место. Со оглед дека е констатирано прекршување по основ на Законот за јавна чистота, од страна на инспектори при Град Скопје товарното возило марка „Мерцедес“ е одземено и во придружба на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција истото е однесено во „Дрисла““, одговорија од МВР.