Пожарникарите и полицајците се уште дежураат покрај опожарениот објект на поранешната фабрика Македонија табак во Тетово. Пожарот е целосно изгаснат, но поради високите температури постои опасност да се реактивира. Пожарникарите кои херојски се бореа со пламените јазици повеќе од 10 часа велат дека била избегната трагедија, затоа што во другите простории се наоѓале плински боци.
Освен материјалната штета за приватната компанија во пожарот, штета претреа и пожарникарите. Повеќе од 15 пожарникари вдишиле чад или дехидрирале, а еден завршил со повреда на ногата. Дополнително голем дел од опремата која ја имале е оштетена.
Поплавите и големиот пожар кои се случуваа едноподруго ги ставија на тест општинските капацитети за справување со непогоди. На состанок на Кризниот штаб било одлучено ќе побараат владина помош за доопремување и зголемување на бројот на пожарникари, а дополнително да се преземат мерки од еколошки аспект.
Инаку по пожарот кој се случи во понеделникот, во воздухот во Тетово се чувствуваше непријатна миризба, по што и лекарите и екологистите алармираа дека јавното здравје е загрозено.
Данијела Билбилоска











