Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пресуди откриваат дека бугарското јазично школо „Јулија“ за ТОЕФЛ сертификати не постоело најмалку од декември 2022-ра и не примало уплати од 2018-та година- судовите не гледаат проблем

/

пред 277 дена

Сподели преку :

Македонските истражни органи, полицијата и обвинителство уште во декември 2022-ра знаеле и биле информирани дека спорното училиште за англиски јазици и ТОЕФЛ сертификати „Јулија“ нема канцеларии на адреса во Пловдив, во Бугарија и не постои.

Заклучокот може да се изведе од пресуда на виничкиот основен и штипскиот апелационен суд во кој за фалсификување бил обвинет директор на средно училиште во Виница. Обвинетиот Тихомир Тасев бил ослободен преклани во ноември, а на 17-ти ноември, ослободителната пресуда ја потврдил и Штипскиот Апелационен суд.

Македонските судови сметале дека нема докази за фалсификат, бидејќи сертификатот бил изваден на почеток на март 2022-ра, а бугарските полицајци не го нашле училиштето Јулија, девет месеци подоцна на лице место.

-На 05.12.2022 год. ја посетиле адресата на јазичното училиште „ЈУЛИЈА“ КО ДООЕЛ, а со цел да обават службен разговор со сопственикот и да добијат изјави во врска со случајот и дека преку увидот било констатирано дека на бараната адреса канцеларија на споменатата фирма не постои.  Но, од ваквото Известување не се утврдува дали во времето кога е издаден сертификатот како и во времето кога како што е наведено во истиот обвинетиот онлајн ги посетувал курсевите, дали училиштето постоело или не, ИЗВАДОК ОД ПРЕСУДА К-27/24 НА ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА, ДОНЕСЕНА НА 01.11.2024.

Пресудите се објавени неодамна кога стануваат правосилни, а откриено е и дека после 2017-та година, јазичното студио Јулија немало финансиски извештаи односно немало приливи, па не е јасно како македонските носители на ТОЕФЛ сертификати плаќале за услугата и кому.

Апелациониот суд во Штип сепак сметал дека и тоа не е доказ за фалсификат иако такво Уверение доставило бугарското Министерство за правда.

-За наредните години фирмата не поднесувала финансиски извештај туку декларација според која управителот давал заверена изјава дека фирмата не обавувала дејност односно не остварувала никакви приходи, ИЗВАДОК ОД ПРЕСУДА КЖ-367/24 НА АПЕЛАЦИОНЕН СУД ШТИП (17.11.2025.). 

Училишниот директор Тасев го извадил сертификатот во сличен период кога и директорот на АНБ, Бојан Христовски, а и за неговиот ТОЕФЛ обвинителството тврдеше дека не најде докази за фалсификување. Но, информации за Јулија веќе со години постоеле во обвинителскиот систем на Македонија.

Миомир Серафиновиќ