Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проблемот со бездомни кучиња во полошко се провлекува со години

/

пред 1618 дена

Сподели преку :

Полошките општини велат дека сакаат да го решат проблемот со бездомни кучиња, но не можат да се договорат на која локација да се изгради стационар. На оваа тема било разговарано на последната седница на Центарот за развој на полошки плански регион.

Предложеното место во атарот на општина Брвеница, според градоначаникот Јовица Илиевски, не ги исполнува условите, затоа што е блиску до населени места, а истото е земјоделско земјиште.

Според претседателот на Центарот за развој на полошки плански регион и тетовски градоначалник, Биљал Касами, оваа идеја ќе пропадне и понатаму ќе се разгледуваат други можности. Во меѓувреме Општината има само усмен договор со Здружението „Амос Пет“.

Инаку бездомните кучиња, кои се во голем број во полошкото подрачје, сеат страв кај населението, особено кај најмалите, но доста чести се и нападите. Само во СВР Тетово од почетокот на оваа година се пријавени 35 каснувања од кучиња скитници, како и 113 лани .

Данијела Билбилоска