Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првата електронска алка ќе ја носи 79-годишен велешанец, осуден на 3 месеци куќен затвор

/

пред 381 дена

Сподели преку :

Првиот куќен притвор со електронски надзор во Македонија наскоро ќе стане реалност. Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна во својот дом, со електронска алка на ногата.Тој е осуден на три месеци куќен затвор за полово вознемирување. Како што информираат од Управата за извршување санкции, по одбивањето на неговото барање за одложување на извршувањето, ќе се спроведе индивидуална програма од пробациски службеник, по што ќе му биде поставена опремата за електронски надзор. Ова е прва реализација на најавениот проект за електронски алки, со кој се очекува да се намали пренатрупаноста во затворите, каде што моментално има околу 2.300 затвореници и 400 притвореници. Алките се наменети за стари и изнемоштени лица, бремени жени, мајки со мали деца, тешко болни и лица со инвалидитет. Веќе 60 осуденици имаат аплицирано за оваа можност.