Агенцијата за храна и ветеринарство потврди два случаи на птичји грип кај угинати диви птици во Скопје. Агенцијата апелира до граѓаните, доколку пронајдат угината дива птица, да ја пријават кај надлежните.
Истакнуваат дека птичјиот грип не претставува сериозна закана за луѓето, но апелира на внимателност и заштитни мерки за оние кои се изложени на ризик од контакт со заразени птици.
Агенцијата ги потсетува одгледувачите на живина да ги пријават сите промени во здравствената состојба на живината или зголемена смртност до официјален ветеринар, како и да применуваат биосигурносни мерки во сите активности во одгледувалиштата.
Дивите птици, особено преселните, се главни преносители на вирусот на птичји грип, иако болеста не претставува непосредна опасност за луѓето.











