Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радовишките села Јаргулица, Подареш и Злеово поминаа тешка ноќ со пожарите

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Радовишките села Јаргулица, Подареш и Злеово поминаа тешка ноќ под црвениот пламен што немилосрдно ја голта шумата на падините на планината Готен.

Огнот се приближи до овие населени места, па граѓаните стражареа, но и гасеа колку што можат за да си ги заштитат домовите и имотите. Цела ноќ на терен имаше и пожарникари, припадници на АРМ и на полицијата, над 250 лица кои се справуваа со пожарот што веќе втора седмица го менува правецот и гори на планината Готен. Заменик генералниот директор на НАционални шуми, Кире Михаилов вели дека од пет часот наутро се дејствувало долж линијата на огнот, во должина од неколку километри и засега ситуацијата била под контрола.

-За неполни три часа целата линија од над село Подареш до над село Злеово е под контрола. Нашите екипи се на терен, ќе видиме што ќе се покаже штом се покачат дневните температури, дали ќе се појави некаде чад. Но тој,чад и да се појави ќе биде во контролиран прстен“, вели Kире Михаилов.

Најкритично во моментов е на планината Готен, но од страна на Берово. Од вчера е активиран и Еу мехнизмот за цивилна заштита, па попладнево ќе пристигне и помош од Словенија и Чешка за справување со пожарот на планината Готен.

-На скопскиот аеродром попладнево ќе пристигне хеликоптер „блек хок“ од Чешка со големо ведро од три тони и седумчлен екипаж, кој ќе учествува во гаснењето на пожарот на планината Готен од страната на Берово. Утре, се очекува да пристигне и тимот од Словенија, составен од 62 пожарникари и 12 специјални возила за шумски пожари, кој ќе се придружи во акцијата, изјави директорот на  ДЗС Стојанче Ангелов.

Досега на територија на државата има 15 пожари од кои четири се активни, четири се ставени под контрола и седум се целосно изгаснати. Активни пожари има на неколку локации. Два во општина Прилеп, од едниот е и кон општина Кавадарци, и во Македонски брод.

Сузана Мицева