Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разрешен Енвер Беџети, судијата кој заедно со Артан Груби заврши на црната листа на САД поради сомнежи за мито во судски предмет за Сашо Мијалков

/

пред 505 дена

Сподели преку :

Судски совет го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, дознава Телма. Одлуката е донесена на попладневниот затворен дел на седницата.

Судскиот совет еднаш го казни парично Беџети кој 9 месеци го чуваше предметот Таргет Тврдина. Откако судијата се најде и на црната листа на САД лани, Судски Совет повторно отвори постапка против Беџети. Тој има право на жалба, но е суспендиран до правосилност на одлуката.

Беџети се најде на црната листа на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој сега е во бегство. Беа посочени за мито при одлучување на Беџети во предмет за Сашо Мијалков односно за масовното нелегално прислушување. Предметот застаре откако предолго помина во рацете на Беџети.