Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Римскиот аквадукт во опасност, се гради патека за крос мотори, предупредува О2 иницијатива

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

-Се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината, соопшти преку ФБ, еколошката иницијатива О2.

Беа објавени фотографии од тешки камиони кои во приколки носат покриен шут и градежен отпад. Еколозите го пријавиле случајот во надлежните поради опасност за културното наследство од римско-античкиот период.

Поднесовме претставка до Управата за заштита на културно наследство, инспекторатот на град Скопје – град Скопје кој управува со Споменикот и треба да има изготвено план за управување, и општина Карпош, на чија територија се наоѓа Аквадуктот. Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење, реагираат од О2.

Аквадуктот порано се наоѓаше во рамките на касарната Илинден, но потоа беше предаден на општина Карпош. До споменикот има ретки патокази и не се одржува речиси воопшто и покрај големата можност за туристички посети.