Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) СДСМ: Не допира гласот до Обвинителство за криминалните тендери на власта!

/

пред 247 дена

Сподели преку :

Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција, велат ид партијата.

  • Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк.
  1. Тендери од 9 милиони евра за фирма основана 2024 година, без историја и без релевантно искуство, само со двајца вработени.

Не допира гласот до Обивнителството.

  • 2.161 тендер кај семејна фирма на Томовски во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.

Не допира гласот до Обвинителството.

  • Сомнителен капитал преку Алта банка влегува во Македонија, иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка, цела структура на ВМРО.

Не допира гласот до Обвинителството.

  • Откривме скандал и со тендери од 1,2 милиони евра за фирма со тројца вработени. Повторно ист модел: милионски суми, минимален број вработени, истите фаворити.
  • Јавно објавивме документи и писмо на свиркачи за тендер од 1,2 милиони евра, доделен на фирма блиска до ЗНАМ во Пошта.

Ниту за овие скандали не допира гласот до Оввинителството.

  • Антикорупцискиот тим објави повеќе „бомби“ за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО – 51 тендер од општините, 16 милиони евра јавни пари.
  • Сопственикот бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми.
  • Дополнително, објавивме и на кој начин целата пирамидална мрежа на фирми води директно до кабинетот на премиерот Мицкоски и Владимир Нелоски.