Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се истражува поврзаноста на заплената на пет тони марихуана во Србија и 40 тони во Македонија 

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Се истражува поврзаноста на запленетите 5 тони марихуана во Србија со оние 40 тони одземени од неколку фирми за одгледување на медицинска марихуана во земјава, а се сослушуваат и сведоци, соопштија од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во акцијата изминативе денови беа запленети над 9 тона марихуана од фирмата „Афафарм“ во кругот на Охис и околу 30 тони од две фирми во струмичкиот регион.

Од обвинителството додаваат дека континуирано преземаат активности во соработка со МВР и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

  • „Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката,“ соопшти ОЈО ГОКК.

Во Србија беше уапсен Иван Драгниќ, кој е ко-сопственик на „Алфафарм“. Во скопската и во струмичките фирми беа констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат.

Српските надлежни органи тврдат дека марихуаната пристигнала од македонско тло, а клучното прашање е кој е се вмешан, со оглед на фактот дека еден од уапсените Раде Спасојевиќ на чиј имот беше пронајдена марихуаната е локален функционер на владејачката Српска напредна партија.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се знае дали марихуаната излегла од земјава и најави дека ќе се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели, а одлуката ќе биде донесена на претстојната владина седница во вторник. Очекува поголема заплена до сто тони медицинска марихуана.

Премиерот откри дека цветовите од канабис биле тврдо пресувани и такви не може да се користат за производство за масло за медицински цели, а дали тоа го правеле со умисла или друга цел истрагата треба да даде одговор.

Марија Митевска