За првпат на директни избори околу 160 обвинители од сите обвинителство во државата денеска бираат меѓу Русковска, Пауновска, Незири и Абази – прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Се гласа на 5 избирачки места, во 4-те виши обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип и во републичкото, а гласањето ќе трае до 16 часот по што записниците ќе бидат испратени до советот на јавни обивнители каде резултатите ќе се сумираат јавно со медиумско присуство.
Пред почетокот на денешното гласање никој од кандидатите не се пожали на притисоци, влијание или други неправилности. Во законот не е предвиден цензус колку гласови треба да освои еден кандидат за да избран. Кој и да биде избран ќе се соочи со недоекипирано обвинителство. Последниот избор на 4-ца обвинители пропадна… Од Советот на јавни обвинители допрва ќе распишуваат нов оглас. Поранешни обвинители коментираат дека ова е подобар начин за избор на шеф на ова обвинителство и дека би било добро ако вака се избира и првиот човек на Републичкото обвинителство.











