Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се ретчат жителите на ЗОО Битола – почина нилскиот коњ Берта

/

пред 247 дена

Сподели преку :

Семејството на битолската Зоолошка градина го напушти нилскиот коњ Берта, омиленото животно меѓу посетителите. Берта беше стара 40 години, а пред 10 години пристигна во Битола. Претходно   беше дел од зоолошките градини во Скопје, во Белград и во Виена, од каде потекнуваше и каде што има свои потомци.

Од ЗОО Битола велат дека Берта доживеала длабока старост и починала од природна смрт. Веќе се преземаат чекори живеалиштето на нилскиот коњ да стане дом на нов жител. Но, најавуваат и други активности. Пред повеќе од една година во ЗОО Битола умре една од двете мечки, а минатата година угинаа мајмуни, змии, кози, елени, пони коњче и други животни.

Раководството тврди дека животните имаат соодветна исхрана и добар третман, но се соочуваат со недостиг на кадар, а смртноста кај животните тврдат, најчесто е поради нивната старост.