Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

/

пред 528 дена

Сподели преку :

Во последните три години, 57-годишен штипјанец правел и изведувал огномети во Штип и во полицијата во тој град доставувал известувања со печати на фирми кои биле затворени пред 7 односно пред 9 години.

СВР Штип ги примало известувањата, а ниту еден полицаец или надлежен полициски инспектор не проверил дали фирмите работат во јавно достапните бази на податоци.

Во проверките по трагедијата во Кочани која беше предизвикана од пиротехнички прскалки, откриена е ујдурмата на штипскиот пиротехничар и против него е поднесена кривична пријава за „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. За овие дела, законот предвидува парични казни и затворски казни до 3 години.

Освен осомничениот, нема други опфатени со пријавата, а не се гонат ниту полицајците кои од 2023-та до 2025-та не провериле дека одобруваат огномети на непостоечки фирми.

Во продолжение соопштението на МВР од дневниот билтен:

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ф.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во седум наврати во текот на 2023, 2024 и 2025 година, пријавениот противзаконски изведувал огномети на подрачјето на Штип. Имено, тој до СВР Штип доставувал известувања за огнометите на кои се потпишувал и употребувал печати од две правни лица од Штип, во кои претходно бил управител, а кои биле избришани од Централниот регистар во 2016, односно во 2018 година.

Миомир Серафиновиќ

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид