Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со пожарот во Хром некој сакал да го сокрие убиството на младиот скопјанец

/

пред 1106 дена

Сподели преку :

Обвинителството соопшти дека вчерашниот пожар во Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие убиството на сопственикот на запалениот стан. Жртвата имала рани со нож, а истрагата продолжува.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши  увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител,  кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело. Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот.