Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СОНК ќе го разгледува предлогот за зголемување на платите од 12% – Неделков ги смируваше незадоволните синдикалци

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

СОНК денеска со 50% плус еден глас ќе одлучи дали ќе го прифати предлогот за 12% зголемување на платите на вработените во образовниот процес.

Околу 300 членови на СОНК се собраа и пред  седиштето на Синдикатот, предизвикани од текстови во некои медиуми кои од сношти пренесуваат дека раководството прифатило зголемување на платите за 12% и дека штрајкот дефинитивно завршува со денешниот ден.

Тензиите се смирија откако на незадоволните Синдикалци им се обрати претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој изјави дека одлуката допрва ќе биде донесена, откако ќе се изврши сондажа на мислењето на членовите на Синдикатот.