Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски засега не се изјаснува за личната одговорност поради доцнењето на неговиот потпис за решението за забрана за работа на станицата за техничкиот преглед Виа комерц.
Иако уште во август било донесено решение за забрана за работа на Виа комерц од Сарај, Спасовски го потпишал дури три дена после несреќата во Бугарија кога настрадаа 46 патници од кои 14 малолетници и деца.
Пред новинарите денеска, Спасовски наведе дека за одговорноста ќе се знае по истрагата на обвинителството која се уште е во тек и која изврши увид и одзеде документи од МВР.
Министре дали чувствувате одговорност за случајот „Беса Транс“ и „Виа комерц“?
– Јас сум одговорил многу пати на оваа тема и навистина од интерес на Министерство за внатрешни работи е да целиот овој случај заврши заврши така како што треба во Обвинителството и да се откријат сите факти и докази во овој случај.
А зошто три дена после сообраќајната несреќа го имате потпишано решението за забрана за работа (за времено затворање на техничкиот центар)?
– Затоа отвори Обвинителството истрага и ќе ги даде резултатите .
Кој е вашиот одговор за ова, бидјеќи Бирото за јавна безбедност уште во август ве извести дека има неправилности?
– Мојот одговор е дека имаме моментално истрага којашто се води и ќе ги даде резултетите.
Што покажува моментално таа истрага?
– Тоа не е прашање за мене.
Велите, вие имате или мислите на обвинителството?
– Тие што ја водат истрагата по закон.
Имаше и обвинителството проверки во МВР во два сектора, во кои?
– Таму каде што се издаваат овие документи, значи во Секторот за управни работи
Што е утврдено имате некакви инфомации од страна на Обвинителството бидејќи сте институции кои тесно соработуваат?
– Тоа ќе побарате информации од таму.
Вие одговорност чувствувате? Повторно ќе ве прашам ?
– Тоа ќе го покажат институциите коишто водат истраги за таа работа.
Досега надлежните органи не соопштија детали за одговорност и за големите пропусти на Беса транс и на државните органи кои претходеле пред несреќата која пак според бугарското обвинителство била предизвикана од возачка грешка со неприлагодена брзина.











