Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српскиот претседател Вучиќ објави дека разговарал со Сиљановска-Давкова: Посилно поврзување во областите од заеднички интерес

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави дека има телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на кој ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу двете земји.

–Содржинскиот разговор со Гордана Сиљановска-Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да ги развиваме блиските и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес, напиша Вучиќ на Инстаграм.