Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ обвинува дека власта го поткопува договорот за недела неработен ден

/

пред 1589 дена

Сподели преку :

Недела ќе остане неработен ден соопшти ССМ денеска откако во Собранието на чекор пред изгласување се измени во Законот за трговија со кои ќе се овозможи во туристичките места, во текот на целата година, да се работи во недела. Тие обвинуваат дека измените се протнуваат на мала врата преку народните избраници без да се консултираат претставниците на работниците и побараа измените да се повлечат или  да не се гласаат. Дали ќе има Генерален штрајк доколку измените се усвојат заесега од ССМ нема прецизен одговор.

Сојузот на синдикати со остра реакција откако во Собранието на чекор пред усвојување се  измените на Законот за трговија кои предвидуваат трговците на мало и големо во туристичките места да работат во недела. Од ССМ сметаат дека се изигрува постигнатиот договор и социјалниот дијалог и дека работните односи се дерогираат со ставање го во Законот за трговија.

Димовски апелираше до пратениците да ги повлечат измените или да не ги гласааат, без да прецизира дали како одговор од ССМ може да биде и организирање на генерален штрајк. Во неколку наврати побарале средба со министерот Бектеши која што сеуште не е одржана.

Измените минатата недела ги најави министерот за економија Крешник Бектеши кој кажа дека разговоарал со стопанственици и мали трговци и дека се поддржани од пратеници од владеачката колаиција и од опозицијата. Според Бектеши измените предвидуваат во туристичките места да се дозволи да се работи во недела во трговија на мало и трговија во текот на целата година, не само во летниот период, и да се исплаќа 100 отсто зголемена дневница.

Измените на Законот за трговија  предложени од група пратеници кои одат по скратена постапка, во средата на Комисијата за економски прашања го мина второто читање без забелешки односно амандмани и останува да биде доставен пред пратениците за гласање.

Недела, неработен ден, е на удар и од бизнисмените откако Стопанската Комора на Северна Македонија до Уставниот суд поднесе две иницијативи за укинување на одлуката.

Огнен Чанчаревиќ