Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичките пожарникари во текот на ноќта изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

/

пред 373 дена

Сподели преку :

Во кругот на ЈП Комуналец во Струмица вчера околу 17:25 часот избувна голем пожар во магацински објекти. На терен интервенирале четири противпожарни возила и 15 пожарникари-спасители кои се соочија со исклучително тешки услови за гаснење, пренесуваат локалните медиуми. Поради опасност од електричен удар, било побарано исклучување на струјата од страна на ЕВН.Еден од тимовите, и покрај дождот, успеа да го отвори лимениот покрив за да се овозможи излегување на чадот и подобри видливост во внатрешноста на објектот. Пожарот е локализиран и укасен, но екипа сè уште дежура на терен.Причинета е голема материјална штета, а причините за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдуваат.