Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ почнува денеска во Основниот кривичен суд.

Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

Обвинението во судската постапка го застапува обвинителката Спасенка Андонова, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.