Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

/

пред 524 дена

Сподели преку :

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево соопшти дека останува дел од владината коалиција. Тоа значи дека уште еден пратеник го напушти Арбен Таравари, кој сега ќе остане со тројца, доека Вреди има 11 пратеници.

„Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата на над 107 илјади Албанци како пратеничка на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата ВЛЕН. Довербата што ми ја дадовте нема да ја изневерам. Не сум тука за лични интереси, туку да им служам со достоинство , пишува Муса.

Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.