Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трето невреме за само пет дена во Лозово, општината остана без чиста водата за пиење

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Наноси од кал на локалниот пат Милино- Ѓуземелци, но и во нивите и градините, ова е епилогот по синоќешното невреме во руралната општина Лозово. Поплавите однесоа и над два хектори нови лозови насади,  а водата во селото Лозово не смее да се пие.

Прооден е патот меѓу селата Милино и Ѓуземелци што вчера во должина од над 300 метри беше целосно поплавен и покриен со наноси од земја.Расчистување беше приоритет бидејќи брзата помош не можела да дојде до жена на која и била потребна медицинска омош.

Во рок од пет дена ова е трето невреме, штети има на нивите, а од денес почна нивното пријавување.

Формирани се  Комисиите за утврдување на штетите, кои на терен ќе излезат по поднесување на барањата на жителите на Лозово, а потоа елаборатите ќе се достават до Државната комисија за штети.

Викторија Димитрова Јованова