Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен поранешниот државен правобранител Стафа

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат за Телма од истражните органи. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврди дека е приведено лице со иницијали Ф.С.

Станува збор за истрага поврзана со поткуп, но од обвинителството најавија детали за утре.

Стафа во моментот е адвокат, дел е од одбраната на обвинет во случајот со трагедија во Пулс во Кочани, а комуницираше со новинари и како адвокат на бегалецот и осомничен Љупчо Пецов Ѓаволот.

Ја вршеше функцијата државен првобранител од август 2018-та година до август 2022-ра година кога беше разрешен. Во тој период поднесе кривична пријава против директорот на финансиската полиција и скопскиот јавен обвинител поради случајот Труст со неуспешната конфискација на запленетиот имот на Трансмет на Сеад Кочан. Се истражуваше и пасивното однесување на Правобранителството при заштитата на државниот имот стекнат со конфискација.

Во јавноста беше поврзуван и со случајот со несудената конзулка Бесмира Ејупи која хонорарно беше ангажирана во Правобранителството и доби безбедносен сертификат ДРЖАВНА ТАЈНА.

По заминувањето од функцијата стана адвокат, а конкурираше и за повеќе позиции во државниот систем. Последно, беше кандидат за член на Судскиот Совет, но владеачкото мнозинство во Собранието предложи полициски инспектор за прекршоци.

Миомир Серафиновиќ