Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен потписникот на проектот за кабаре Пулс, рече Тошковски кој беше прашан и за одговорност на актуелни функционери кои 8 месеци не ги виделе пропустите

/

пред 583 дена

Сподели преку :

Уште еден потписник на документи со кое се замижало на изгледот и условите на кабарето Пулс е приведен во истрагата, рече министерот Тошковски.

-Последното задржано лице се терети за Тешки дела против општата сигурност, а истиот е потписник на основен проект за издавање лиценца за кабаре клуб односно на еден од документите потребни за ставање во функција на едно кабаре. Незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи кои биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција на предметното кабаре. Во дел на таа документација која е потпишана од уапсеното лице постои тврдење дека станува збор за објект кој ги исполнува сите услови по закон за да биде кабаре, а сите знаете дека не исполнува ниту 20 отсто, а не сите, рече Тошковски на денешната прес-конференција во МВР.

Тошковски потврди и дека во агенцијата за обезбедување која без договор била ангажирана од кабарето имало луѓе со кривични досиеја. Но, почнала и внатрешна контрола и обвинителска истрага и во полициските редови, потврди Тошковски.

-Да секако почнати се активности со Обвинителството, со специјализираното одделение и се во таа насока, за полициски службеници.

Телма: Во врска со обезбедувањето, со агенцијата за обезбедување ангажирана во објектот, колку таа агенција зафатила дел од Кочани со сопствени активности односно во институции преку јавни набавки, дали се проверува тоа тендери и колку лица ангажирани од таа агенција за обезбедување, поминуваат низ кривичната евиденција на МВР, како извршители на кривични дела?

Тошковски: Во овој момент, согласно информациите кои ги имаме и оние што може да ги споделам во јавноста, постои основано сомнение дека управителот на подружница со дел од ангажираните лица имаат сторени одредени незаконитости кои што ќе бидат предмет на кривична постапка. 

Но, едно од најголемите прашања е зошто поради непостапување се приведени само поранешни функционери и директори на институции, а не и нивните наследници кои исто така не прогледале изминатите 8-9 месеци е не ги увиделе пропустите во дискотеката на смртта.

Телма: А што е со наредниот, актуелен директор што дошол после него (притворениот), дали и тој е опфатен или не е опфатен со истрагата?

Тошковски: Сите оние лица за кои ќе утврдиме- дека- има- конкретни- дејствија кои што ќе бидат спротивни на законот, ќе преземеме соодветни постапки.

Телма: Значи за разлика од претходниот актуелниот директор вршел контроли. И надзор. Или не?

Тошковски: Никогаш неправото не може да не доведе до неправда.

Што се однесува на приведувањето на екс министерот Бектеши и поранешниот директор на пазарна инспекција Трајковски, министерот тврди дека еден е осомничен за непостапување, додека вториот и за непостапување и за пропусти во вршењето на функцијата, без да разјасни кој за што е. Но сите функционери се истражуваат за несовесно работење во службата.

Миомир Серафиновиќ