Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиство во Штип- за една вечер две убиства во Македонија

/

пред 702 дена

Сподели преку :

(ФОТО АРХИВА, Штип) 25-годишен штипјанец уби 29-годишна жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што сам се пријавил во полиција.

Според првичните информации од МВР, околу 20.15 часот во Полициската станица – Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип. Тој посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.

Телото е пронајдено и предадено на обдукција, а полицијата врши увид на местото на злосторството.

Вечерта, во петок, првиот ден од ноември во Македонија се извршени две убиства. Покрај штипскиот злостор од семејно насилство, загина и 50-годишен арачиновец кој беше застрелан од напаѓачи во автомобил и почина во болница. Во тој инцидент во Арачиново рането е и 19-годишно момче.

Во нов оружен напад, во Арачиново убиен 50-годишен маж