Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Амир- дете од улица, учи и на свеќа, но освои трето место на натпревар по математика и посакува летен одмор во Охрид

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

Амир Дестанов е штитеник на дневниот Центар за деца од улица, живее со тетка му и нејзините деца, но со негов напор и со помош на наставничките успеа да учествува на натпревар по математика и да освои трето место.

Желбата му е и да оди на прв летен одмор, а кога би можел тоа би било во Охрид. И во домот на неговата тетка каде живее, Амир учи, а некогаш го прави тоа на свеќи кога ќе снема струја, раскажува тој во „На лице место со Кате“ во Утринската програма на Телма.

Дневниот центар за деца од улица постои од 2006-та година, а успехот на Амир е убавата вест која во овие тешки времиња ги радува и неговите наставнички и професори.

Но, центарот има проблеми со финансиите. Имаат средства за работа до јули, а поради секакви кратења на средствата и од државниот и од градскиот буџет, центарот се соочува со гаснење.

Во него засолниште и настава наоѓаат педесетина деца кои питале или биле на улица, за што раскажува и Ирена Велкоска од Дневниот центар за деца од улица.

Приказната за успехот на Амир и за непредвидливата иднина на Дневниот центар беше објавена во веб медиумот sdk.mk, а денеска Катерина Тодевска Спасиќ беше во Центарот за да овозможи Амир да го запознаат и гледачите на Телма.