Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Повторно тешка сообраќајна несреќа пред гимназијата „Јосип Броз Тито“

/

пред 323 дена

Сподели преку :

Синоќа пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ на улицата „Димитрие Чуповски“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која е повреден 51-годишен пешак од Скопје. Несреќата се случила околу 17:22 часот, кога патничко возило „Хјундај“ со скопски таблички удрило во пешакот на пешачки премин.

Според информациите од МВР, возачот кој управувал со возилото, бил затекнат на местото на несреќата од страна на полициските службеници. Повредениот пешак бил итно пренесен со Брза помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде му е укажана медицинска помош.

Засега не се познати детали за неговата здравствена состојба. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На истиот пешачки премин пред нецел месец беше прегазена жена од џип. Тогаш несовесниот возач го напушти местото. Во тој случај според очевидци  жената уредно поминувала на пешачки премин. Возачот беше пронајден и уапсен подоцна на локалниот пат за Средно Водно.

Т.Д.