Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Силно невреме во Делчево, водата не се препорачува за пиење, поплавени домови, оштетен дел од покрив на училиште

/

пред 1580 дена

Сподели преку :

Невреме проследено со силен дожд и ветар го погоди попладнево Делчево. Дел од куќите на жителите се поплавени, а некои велат дека од откорнатите дврја не можат да излезат од своите домови.

Невремето започнало нешто по 19 часот, во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски за Телма, информираше дека од силниот ветар паднал дел од покривот на основното училиште „Ванчо Прке“ и дека водата во градот не се препорачува за пиење.

Поради невремето, кое е вели, незапаметено досега, без струја е филтер станицата во Тработивиште и водоснабдувањето во моментов се врши исклучиво преку браната Лошана, па се препорачува до граѓаните водата да не ја користат за пиење.

Екипи на Комуналното претпријатие се веќе на терен и се интервенира на отстранување на паднати дрвја. Дел од градот нема струја, поточно делот од левата страна на река Брегалница кој е во мрак.

Трајковски вели дека екипите се на терен и дека до сега нема пријавено повредени во здравствениот дом во градот но, дека материјалната штета е голема.

На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели.

Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните.