Од владата соопштија дека е продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница поради ризик од мигрантски бранови во летниот период.
-На денешната седница на Владата беше прифатен предлогот за продолжување на рокот на Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, до 31 декември 2022 година, соопштија од владината прес служба.











