Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во истрагата за Кочани постапивме без селективност и заштита- Тошковски за денот на полицијата

/

пред 514 дена

Сподели преку :

На денот на полицијата, во објектот за обука на МВР во Идризово министерот за внатрешни работи во честитката со тврдење дека истрагата за трагедијата во Кочани е неселективна и немало заштита за осомничените.

-Во случајот со трагедијата во дискотеката во Кочани, Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага. Поднесени се кривични пријави против 70 сторители, меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност. Без заштита, без селективност, без двоумење, рече Тошковски за истрагата за пожарот во кој загинаа 62-ца млади и речиси 200 се повредени.

Министерот се осврна и на резултатите од работата на полицијата во неговиот мандат и оцени  дека е постигнато значително намалување на криминалитетот.

-Покажавме дека можеме – сузбивме 14 криминални групи, од кои најмногу поврзани со трговија со дрога. Откривме две организирани групи поврзани со висока корупција, рече Тошковски и истрагата „Адитив“, во која се осомничени 23 лица за злоупотреби во РЕК „Битола“ ја нарече симбол за недопирливост кога се работи за злоупотреба на државни пари и ресурси.