Престрелка во село Гајре, тетовско при што осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полиција, потврдија за Телма полициски извори.
При обидот полицијата да го уапси, тој пукал, а во престрелката е ранет. Според првичните информации, застреланиот починал на пат кон болница.
Се работи за лицето за ко е распишана потерница по убиството на 05-ти јули кого вп Тетово на улица беше убиен 40 годишен маж. Полицијата се сомневала дека зад убиството стои бегалецот кој вечерва (петок 23-ти август 2024.) е застрелан кај Гајре.
Според извештајот на полицијата на 05-ти јули во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.
Повеќе медиуми на албански јазик, тогаш објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека убиството на 5-ти јули е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кога исто така имаше настрадани.











