Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Здравствениот дом Виница медицинска помош побарале 16 лица, повредени пожарникари, доброволци и вработени во фабриката Макпрогрес

/

пред 410 дена

Сподели преку :

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, вели градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. Тој посочува дека овие информации ги има добиени од ЈЗУ Здравствен дом Виница, а повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката.

-Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом во Кочани, додека оние коишто имаат вдишано чад се пренесени во Клинички центар во Скопје. Здравствената состојба им е добра, вели Петков.

Посочува дека пожарот во магацините на фарбиката Макпрогрес е локализиран, а опожарени се три погони и магацин на површина од околу 5.000 метри квадратни.

Градоначалникот на Општина Виница Петков вели дека во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари и доброволци од Виница, Кочани, Штип, Македонска Каменица, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш и од Велес.