Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За наследник на обвинетата Димитровска во ДКСК досега се пријавиле 13 кандидати- професори, нправници, економисти, криминалисти

/

пред 433 дена

Сподели преку :

Денеска истекува рокот за пријавување на кандидати за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Досега се поднесени 13 кандидатури, а ќе се почекаат уште неколку денови за да пристигнат и евентулани кандидатури испратени по пошта.

Меѓу пријавените 3 се жени, а нема ниту еден актуелен член на Антикорупциската комисија. За фунцкијата се пријавил генералниот секретар на ДКСК Адем Чучуљ, универзитетскиот професор Кимо Чавдар, долгогодишната начланичка на правната служба на МВР Весна Доревска, поранешниот директор на антимонополската комисија Владо Наумоски.

Седумчлената комисија за селекција првично треба да утврди кои кандидати ги исполнуваат условите по што ќе се пристапи кон интервјуа на пријавените. Постапката за избор е ставена во мирување поради локалните избори и ќе продолжи на 3-ти ноември.

Местото беше испразнето откако претходната претседателка Татјана Димитровска даде оставка бидејќи беше обвинета за оддавање на службени тајни од предмети на комисијата кои по телефон ги испраќала на обвинетиот поранешен директор на ТЕЦ Неготино.

Пријавени кандидати по Огласот за избор на претседaтел на Државната комисија за спречување на корупцијата

  1. Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција,
  2. М-р Благица Трошанска од Скопје дипломиран правник и магистер на политички науки,
  3. Феузи Џафери од с.Чајле- Гостивар, дипломиран правник и магистер по дипломатија,
  4. Проф.д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки,
  5. Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, магистер по деловно право,
  6. Весна Доревска од Скопје, дипломиран правник,
  7. Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник,
  8. Бранко Вꞌчков, од Скопје, дипломиран криминалист,
  9. Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник,
  10. Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник магистер по меѓународно право,
  11. Зоран Наумов од Кавадарци, дипломиран економист,
  12. Костадин Кус Иванов, од Скопје, дипломиран економист,
  13. Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник