Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За опозицијата, измените на Кривичниот законик се обид за амнестија на криминалот на власта

/

пред 1139 дена

Сподели преку :

Собранието попладнево ја продолжи  расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, во второ и трето читање.

Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта. Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.

За Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.

-Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања, истакна Силјановска Давкова. Ова е јавно убиство на правото и правдата во комисијата за антиевропски закони. Ние сме држава со најспора правда има најбрза постапка за менување на закони. Според Давкова, се работи за проектирана амнестија. „Ова е непознат европски феномен. Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека за 3 саата може да се донесе закон. Побрзи од ветер сте во заштита на криминалот и корупцијата“

И реплицираше независниот пратеник Панчо Минов, кој појасни за членот 32, кој се однесува за злоупотреба на службени овластувања.

  • Тој нема конкретно предмет на доказност и често се користи за пресметка со неистомисленици. Измената носи поголема тежина на квалификацијата бидејќи се утврдува намерата за злоупотреба, рече Минов.