Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Закани за поставени бомби во 5 училишта во Скопје- извршена евакуација на учениците

/

пред 1456 дена

Сподели преку :

Во 5 училишта во Скопје на нивни меил адреси, претпладнево се пристигнати закани за поставени бомби, потврдија од МВР за Телма.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Средношколци од училиштето Орце Николов потврдија дека и нивното училиште било евакуирано и дека полицијата е во училиштето. Исто така слична состојба е и во средните училишта Никола Карев, Јосип Броз и Раде Јовчевски Корчагин. Закана стигнала и на адресата на АСУЦ во Автокоманда.