Синоќа околу 21.30 часот на улицата Париска комуна во Охрид e запалено возилото на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК Сузана Вренцовска.
Колата, како што објави Сдк.мк била запалена во дворот на семејната куќа, во гаражата каде била паркирана.
Вренцовска е дописничка на САКАМДАКАЖАМ.МК изминативе пет години.
Од полицијата водат истрага, а возилото ќе боде вештачено.
-На 05.01.2025 во 21.30 часот во СВР Охрид, С. В. од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улица Париска комуна во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило ‘бмв х3’ со охридски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.











