Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Застрелан е осомничениот за убиството во Тетово што се случи на почетокот на јули

/

пред 799 дена

Сподели преку :

Доцна синоќа  при полициска акција  во тетовско Гајре,  застрелан е  41 годишниот Л.М, осомничен за убиството  во Тетово што се случи  на почетокот на јули.

По него беше распишана потерница и беше баран   поради бегство од Психијатриската болница Бардовци.  Полициските специјалци околу 22 часот вчеравечер  во Гајре со судски наредби извршија претрес во повеќе куќи на семејството на осомничениот.

Откако  бил лоциран, тој одбил  да се предаде и според соопштението од СВР Тетово,  вперил репетирана пушка во полицајците, по што  тие пукале  во него и го раниле. Осомничениот почина на пат кон болница.

 Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми. Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција.

Инаку Л. М е осомничен за убиството што се случи на 5 јули на улицата „Штипска“ во Тетово, кога од мерцедес во движење е убиен Р.Т, кој бил во возило БМВ. Дел од медиумите објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека убиството е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кога исто така имаше настрадани.