Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Застреланиот лекар е носител на листата на ДУИ во Липково- полицијата соопшти и првични детали за инцидентот во Куманово

/

пред 368 дена

Сподели преку :

Од полицијата со први детали за вооружениот напад во Куманово кога со огнено оружје е застрелан 43-годишен лекар пулмолог. Според полицијата, лекарот се возел со голф, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсница пред општина Куманово, на 50-тина метри од полициската станица во Куманово.

Според информациите на Телма, ранетиот е Зекирија Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково. Префрлен е на скопските клиники, потврдија извори на Телма од кумановската болница.

-Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот, не известија од МВР.

Застреланиот лекар е носител на листата на ДУИ во Липково- полицијата соопшти и првични детали за инцидентот во Куманово