Иницијатива за меморијален мурал покренуваат Тошо Антов и Стојка Иванова Антова за да се оддадде вечна почит на 62-те млади животи загубени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Антови бараат поддршка за реализација на оваа како што пишуваат предлог иницијатива.
Муралот ќе содржи сликани портрети или симболични ликови на сите жртви, нивните имиња, како и надписот „Згаснат Пулс – Вечна Светлина“. Дополнително, ќе се интегрираат QR-кодови кои ќе водат до дигитална меморијална страница со кратки биографии и приказни за загинатите (со согласност на семејствата). Во подготовката и изработката на муралот ќе учествуваат локални уметници, волонтери, средношколци и студенти, а се очекува поддршка и координација со Општината Кочани за обезбедување на локација и логистика. Исто така, ќе биде отворена донаторска кампања преку граѓански организации (Support Кочани) и локални бизниси за финансирање на материјалите и изведбата, стои во дописот до медиумите.
Антови посочиваат и дека ќе биде отворена донаторска кампања преку граѓански организации (Support Кочани) и локални бизниси за финансирање на материјалите и изведбата. Порачуваат дека оваа иницијатива е обид да се пренесе порака на почит, сочувство и одговорност, за да не се заборават оние што ги изгубивме и да се поттикне подобра грижа за безбедноста на сите нас во иднина.











