Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонската Армија доби 29 нови лесни оклопни возила

/

пред 429 дена

Сподели преку :

Македонската Армија доби 29 нови лесни оклопни возила, досега се пристигнати 67. Амбасадорката на САД, Ангела Агелер во своето обраќање во штипската касарна „Јане Сандански“ рече дека од самиот почеток на Програмата од 2019 година, САД досега помогнаа во испорака на 67 возила од таков карактер, којшто се последен крик на технологијата, а Самитот на НАТО ова лето покажа дека инвестицијата во воената подготвеност е повеќе од приоритет и оти станува збор за реалност и потреба.

„Овие лесни оклопни возила ќе бидат и ќе претставуваат рбетот на Северна Македонија и конкретно на лесната Пешадиска батаљонска група, којашто всушност претставуваат физичко отсликување на улогата којашто вие ја имате како одлучен сојузник во НАТО. Во исто време, тие претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Северна Македонија и на нејзините одбранбени способности, како и нашите споделени безбедносни цели“, рече Агелер.

Капацитети на Армијата продолжуваат да се зајакнуваат, порача министерот за одбрана Мисајловски. Новите 29 оклопни возила се набавени преку договорот Влада со Влада, а дополнително се очекува да пристигната и новите оклопни возила, коишто исто така се од американско производство.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната презентација на новите околопни возила во штипската касарна „Јане Сандански“ посочи дека вложување во модернизација на Армијата и во двата Коридорот 10 и Коридорот 8, кои претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО алијансата, се приоритет на Владата.

Викторија Јованова