Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Mакедонската економија на апарати – земјава со најнизок раст, најголем дефицит и висока инфлација

/

пред 1081 дена

Сподели преку :

Три години со ред македонската економија ќе биде најлоша во регионот, покажуваат бројките во најновиот извештај на Светска банка. Според прогнозите,  2023 ќе се заврши со скромен раст од само 1, 8 проценти, но и следните две години тој ќе биде најмал во однос на она што ќе го испорачаат другите држави од соседството. Македонија е и со најголем дефицит, но и натаму ќе се бори со висока инфлација, врз која најголемо влијание прво имале големите профитни маржи, а сега и растот на платите.

Профитините маржи повеќе придонесуваа за инфлацијата во 2021 и 2022 година, тогаш  беа многу зголемени,  но сега  нивното влијание на инфлацијата е помало во однос на влијанието на платите кои пораснаа во април, вели Сања Маџаревиќ Шустер од Светска банка

Од банката ги споменаа и субвенциите за електрична енергија кои се делат,  но од друга страна не гледаат дека овде се штеди струјата.

Треба да сме свесни дека фискалните ресурси не се неограничени треба да бидат одржани на одреден начин за да се одржи фискалната стабилност. Да се чуваат цените на енергенсите, цените на храната вештачки ниско и исто така гледаме голема неефиканост на начинот на електирчната енергија се користи тука, светлата горат насекаде, додава Шустер.

Според, извештајот јавниот долг ќе расте. За намалените приливи на средства од ДДВ, од банката причината ја лоцираат во намалената потрошувачка. Потенцираа дека светот се уште  се бори со последиците  од ковид кризата и конфликтот во Украина. Но, предупредуваат дека се можни нови економски потреси поради новите случувања на Блискиот исток. Велат рано е да се зборува за влијанијата,  затоа што е неизвесно како ќе се одвиваат работите таму. Сепак, поради случувањата, веќе е регистриран раст на цената на енергенсите. Според прогнозите , годинава  најголем раст ќе има Црна Гора, а следните две Косово.

Ирена Чачкова